Како не успеав да стигнам на Сакура денот на време и зашто
Се успав. Да, знам дека не е реално оправдување. Но, пред да легнам мислев дека не постои кретен кој спие 10 полни часа за да се наспие. Денес утрото сватив дека постои.
Дефицит на топла вода за туширање. Иако вечера пред спиење имаше еден цел куп. (наравоучение: туширај се навечер)
Место на живеење: Пичковац (Tlenny tm). Тоа значи дека ако ви е истечена возачката (ко што мене ми е), тогаш за да стигнеш до плоштад ти требаат добри 40тина минути.
Немање пари за автобус. Ова повлекува повеќе прашања: „Зашто не ми оставиле сабајлето пари?“, „Каде да сменам 10 EUR?“ и „Која ми беше шифрата за сефот (т.е. во која книга си ги чував еврата)?“.
Рандом малер коинциденции: немање кредит на мобилниот, а уште помалку батерија, другарот го сменил бројот на мобилниот итн.
И така јас стигнав во 1:50. Прошетав два круга околу насобраните луѓе за да најдам некој познат. Немав како да се јавам на било кој. И кога ме фатија социопатските нагони на Enochlophobia се упатив кон автобуската и си го фатив патот накај Пичковац т.е. дома.